X
 14.05.2017 Култура

Пабло Неруда: „Сакам да знаеш една работа...“

Пабло Неруда или Нефтали Рикардо Рејес Басоалто е чилеански писател и комунист. Неговите дела се преведени на многу јазици, а тој се смета за еден од најголемите и највлијателните поети на 20 век.

Во 1971 ја добива Нобеловата награда за литература, а следната година и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Ако ме заборавиш

Сакам да знаеш една работа.

Знаеш како е тоа
ако гледам
кристална месечина, црвени гранки
на бавната есен во мојот прозорец,
ако го допрам
неусетниот пепел крај огнот
или збрчканото телото на трупецот,
сè ме носи кон тебе
небаре сè што постои,
мирисите, светлоста, металите
сè како мали чамци кои пловат
кон островите твои што ме чекаат.

Е, па добро
ако малку по малку престанеш да ме сакаш,
и јас ќе престанам да те сакам
малку по малку.
Ако одеднаш ме заборавиш
не ме барај
јас веќе сум те заборавил.
Ако мислиш дека е долг и луд
ветерот на знамиња
кој поминува низ мојот живот
и одлучиш
да ме оставиш на брегот
на срцето во кое јас имам корени
запамти
дека тој ден,
тој момент
ќе кренам раце
и ќе ги искорнам своите корени
во потрага по друга почва.

Но
ако секој ден
секој час,
се согласиш да бидеш моја судбина
со неумолива сладост,
ако секој ден се искачи
еден цвет до твоите усни барајќи ме
oх љубов моја, ох моја
во мене целиот тој оган се повторува,
во мене ништо не е изгаснато или заборавено,
мојата љубов се храни со твојата љубов, сакана,
и сѐ додека живееш таа ќе биде во твоите раце
никогаш не напуштаајќи ги моите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура