X
 26.08.2018 Култура

Одржан поетски портрет на Адам Загајевски, добитникот на „Златен венец“

Вчера во катедралната црква Света Софија во Охрид се одржа портретот на полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златниот венец“  на 57-те Струшки вечери на поезијата.

- Адам Загајевски пишува поезија и есеистика во духот на филозофската и културната ерудиција, а неговата лирика со сигурност може да се опише со категориите на современиот класицизам. Наместо јаични игри се служи со т.не „семантичка прозрачност“, бидејќи самиот смета дека најважната одлика на поезијата е смислата, а не обликувањето на јазикот - истакна во својата реч професорката Лидија Танушевска од катедрата за славистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

1

-Добро е што полската поезија го има Адам Загајевски. Неговиот бел стих, длабок и рафиниран, насочен кон читателот, допира до многу луѓе во светот. Тој е амбасадор на полската поезија и тоа онаа, како што велат „Полјаците“ од „највисоката полица“. Денес, Загајевски е пред сѐ поет на убавиот, импресионистички и симболичен израз, преку кој сака да ги дофати различните аспекти на човековиот бит“ – додаде таа.

3

- Секој кој пишува поезија знае дека тоа е несовршен труд. Само будалите се среќни со себеси. Дозволете да ја прифатам оваа прекрасна награда и да не заборавам на сопствената несовршеност, да не заборавам дека моето патување сè уште не завршило. Дозволете да ја прифатам оваа прекрасна награда и да не заборавам на сопствената несовршеност, да не заборавам дека моето патување сè уште не завршило. Ја прифаќам оваа награда со зборови на благодарност и пријателство. – рече во своето обраќање годинашниот струшки лауреати, Загајевски.

4

Струшките вечери на поезијата ја преведоа и објавија поезијата на Загаевски на англиски, македонски и полски јазик, во капитално издание на 800 страници. Преведувач е Звонко Димовски. Загајевски во вторник во 11 часот ќе биде примен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура