Делата на поетот Хафез од 14-от век може да се најдат во речиси секој дом во Иран. Повеќе од 600 години после неговата смрт, писателот нуди поглед кон идентитетот на својата земја.
Велат дека во
Иран секој дом има две книги - Куранот и Хафез. Едната ја читаат, другата не.
Гробот на поетот Хафез е еден од најпосетуваните места во Иран. Писателот од Шираз е еден од националните херои на Иран.
Шираз е најлибералниот град во земјата. Додека жените во целата земја законски се задолжени да се покриваат од глава до петици, оние во Шираз се речиси непристојни за иранските стандарди. Задолжителните марами на жените од Шираз се разнобојни и се носат опуштено.
Мажите и жените, младите и старите, комуницираат без предрасуди и ограничувања. Во овој град факултетот го завршуваат повеќе жени отколку мажи.
Поезијата на Хафез е револуционерна. Неговото умно користење зборови е величено од страна на Иранците. Хафез ги претставува сите заплетканости во иранскиот идентитет. Неговото брилијантно користење метафори во родниот јазик ги обединува сите.
Додека Иранците се соочуваат со отпор од политичка страна, никој не може да им забрани да го следат својот мудар претходник.
Во Иран е забранет пристапот до многу светски телевизиски агенции, како и интернет-страници (Би-би-си, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“). Овие работи тие може да ги забранат, но не можат да го забранат сопствениот национален поет.