X
 12.09.2020 Здравје

Студенти направија калкулатор што пресметува колку луѓе би спасиле доколку носите маска

Експертите постојано препорачуваат да се носи маска во јавност за намалување на ризикот за зараза од коронавирусот. Двајца студенти на докторски студии во Полска создале калкулатор за пресметување на заразите што може да се спречат со носење маска за да ги поттикнат сите да го практикуваат тоа.

Калкулаторот користи статистики и податоци за да пресмета колку зарази може да се спречат и колку животи може да се спасат доколку едно лице носи маска. Калкулаторот се користи едноставно. Се одбира опцијата за носење или неносење маска, како и видот на маската.



Фото: Freepik

Може да се избере брзината на ширењето на заразата во земјата (R₀), што во калкулаторот е ставена на стандардната 2,5. Ова значи дека едно заразено лице обично го пренесува вирусот на приближно две лица. Може да се одбере и процентот на луѓе во земјата што носат маски.

Со одбирање стандардни променливи се добива резултат дека носењето маска од еден човек може да заштити до 19 лица од зараза и да спречи една смрт.

Студентите Диминик Чернија и Јоана Михаловска се надеваат дека калкулаторот ќе ја зголеми свесноста за  носење маска во јавност.

Автор: Џејк Росен
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје