X
 14.05.2022 Живот

Понекогаш е најдобро да не правиме ништо, тврди научник

Живееме во свет во кој секој момент се очекува нешто од нас.

Работиме, се дружиме, готвиме, чистиме, јадеме, пиеме, патуваме, трошиме време на социјалните мрежи или гледаме телевизија. Секогаш одиме некаде или се обидуваме да постигнеме нешто.

Живееме во култура која го мрази фактот да не се прави ништо, што е видливо во нашите френетично збиени распореди и постојаната потреба да се забавуваме.

Д-р Манвир Синг, научен соработник на Институтот за напредни студии во Тулуз и доктор на науки од Одделот за човечка еволутивна биологија на „Харвард“, неодамна на својот твитер-профил посочи на нашата неспособност да не правиме ништо.

Д-р Синг сподели откритија во кои се истакнува студија од 70-тите и 80-тите години за малите неиндустриски општества во која истражувачите забележале активности во кои луѓето се занимавале во текот на денот. Шокантниот факт е - барем од денешна перспектива - дека безделничењето или неправењето ништо била една од нивните омилени активности.

Дали сте подготвени да почнете да не правите ништо?

Некои велат дека еден од здравите несакани ефекти на редовната практика на медитација е учењето да го цениме тоа што не правиме ништо. Едноставната практика на медитација на внимателност ги учи луѓето да ги остават настрана тешките мисли и да се чувствуваат исполнети во моментот, без постојана потреба да бидат продуктивни или да се забавуваат.

Во западниот свет постои постојана потрага по чувство на исполнетост. Во источната филозофија на таоизмот човекот може да се исполни само ако првин е испразнет. Значи, ако некој одвои време да се испразни од сетилни стимулации, тешки мисли или желба да оди некаде или да направи нешто, ќе се отвори за нови можности за исполнување.

Извор: Upworthy.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот