Во Индонезија, во 2021 година биле фрлени над еден милион тони отпад. Поголемиот дел од тој отпад завршил во реките и на плажите.
Активистот за заштита на животната средина Гери Бенчегиб почнал движење за решавање на огромниот проблем со пластичниот отпад организирајќи иницијативи за чистење на отпадот. Тој живее во куќарка изградена од собраниот отпад, за која биле потребни 35.000 пластични кеси.
Куќата има само 12 квадратни метри, но ги има сите работи потребни за живот. Делови од неа се направени од пластични чаши кои биле собрани од реките. Ја користи сончевата енергија за производство на струја.
Гери се надева дека ќе може масовно да го произведува овој модел на куќа, кој би бил користен за жртвите на природни катастрофи.
Извор:
BBC
Насловна фотографија:
Instagram (printscreen)