Има некои човечки атрибути кои роботите никогаш нема да ги заменат (или барем ние тоа се надеваме). Но, еден универзитет го отвора прашањето дали може да се заменат асистентите во наставата со машини. Тие направиле експеримент. Замениле еден асистент со робот. Ниту еден студент не забележал.
Џил Ватсон е робот кој им помагал на студентите во Технолошкиот институт во Џорџија да решаваат проблеми со нивните дизајнерски проекти од јануари. Роботот одговарал на електронска пошта и објавувал на форуми, а никој не забележал дека се работи за робот. Еден студент започнал да се сомнева по одреден период.
- Одевме на курс по вештачка интелигенција, па морав да помислам дека е можно да има вештачко-интелигентна машина некаде - изјавил студентот.
Роботот бил трениран од истражувачи во институтот пред да ја пуштат во комуникација со студентите. Професорите од институтот сметаат дека роботот има одлична примена на универзитетите, каде што студентите поставуваат прашања и бараат одговори, за кои професорите често немаат време.
Компјутерскиот систем на роботот може да работи со сервер „Power 750“ на „Линукс“. Овој робот веќе помогнал во медицинско истражување за дијагноза на болести кај пациентите. Роботот одговара на прашања за чии одговори е сигурен 97% и веќе учествувал во натпревар за интелигенција и знаење со луѓе.