Приближно една од четири куќи во Велика Британија стои над слој од јаглен. Многу од овие домови наскоро би можеле да ја користат енергијата од јагленот со помош на нови технологии.
Тајната е во водата од рудниците, односно подземните резервоари кои се собираат по поплавувањето на напуштените рудници за јаглен. Водата е топла поради температурата на Земјината
површина. Таа е доволно топла за да загрева куќа со помош на технологијата.
Фото: Pixabay
Во Велика Британија се планираат многу проекти за загревање со водата во рудниците. Проектите би вклучувале извлекување на водата, загревање на домот и враќање на водата во рудниците за повторно да се загреат. Во рамките на еден проект се планира изградба на 1.500 куќи во селото Сијам Гарден, Североисточна Англија. Кога проектот ќе биде завршен, куќите ќе имаат радијатори со вода која е геотермално загреана во рудник кој повеќе не се користи.
Ваквите проекти имаат проблеми. Една пробна иницијатива во Шкотска била стопирана поради високите трошоци.
Сепак, британската влада се надева дека ќе успее да реализира повеќе вакви проекти. Се планираат околу 30 вакви проекти кои, доколку успеат, ќе ѝ помогнат на земјата во планот да не испушта јаглероден диоксид во атмосферата до 2050. Околу 40% од количеството јаглероден диоксид што се испушта во земјата доаѓа од загревањето на домовите и компаниите.
Доколку ваквите проекти се реплицираат на глобално ниво, тие може да ја намалат потребата од фосилни горива.
Извор:
weforum.org