X
 14.06.2024 Наука

Решена мистеријата зошто жените се тушираат со топла вода

Ако некогаш сте влегле во бања откако се туширала жена, веројатно сте наишле на облак од пареа и сте сфатиле дека е неколку степени потопло отколку што би сакале.

Доктор Сермед Межер објаснува што стои помеѓу љубовта на жената и топла вода.

Според него, жените се многу поподложни на чувствителност на студ, а тоа може да варира во текот на менструалниот циклус.

- Ако сте жена која сака да ја троши сета топла вода, тогаш не сте единствени и постои причина за тоа. Жените природно имаат малку повисока телесна температура во споредба со мажите, што помага за затоплување на внатрешните органи, но може да доведе до чувствителност на студ, што може да се влоши во текот на циклусот - објаснува д-р Межер и додава дека чувствителноста на жените на температурата достигнува врв за време на овулацијата и кон крајот на менструацијата. Ова главно се должи на зголемувањето на естрогенот, за кој е докажано дека ја намалува телесната температура, а истовремено го намалува протокот на крв во рацете и во нозете.

- Естрогенот, клучен хормон во женскиот репродуктивен систем, може да има значителни ефекти врз својствата на крвта и циркулацијата. Еден од овие ефекти вклучува згуснување на крвта, што може да го отежне протокот на крвта, особено до малите капилари во далечните делови како што се рацете и нозете.

Исто така, знаеме дека жените се петпати посклони кон Рејновиот феномен, кој може да предизвика спазам на крвните садови на рацете и на нозете. Но, и без тоа, на жените за три степени им се поладни рацете и нозете поради згуснувањето на крвта од естрогенот, што го отежнува протокот на крв таму, објаснува докторот.

Покрај тоа, жените обично имаат меѓу 6 и 11 отсто повеќе телесни масти од мажите, кои генерално имаат повеќе скелетни мускули. Овие мускули се нарекуваат „термогени органи“, што значи дека произведуваат топлина.

Како резултат на тоа, мажите имаат предност во чувството на топлина.

Извор: Ona.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука