Еден автор и активист смета дека открил како да се стави крај на климатските промени: образованието и зајакнувањето на жените.
Во разговор на Глобалниот самит на Универзитетот Сингуларити минатата недела, авторот Пол Хоукн презентирал обемни планови за тоа како би можеле да се намалат климатските промени. Поточно, тој вели дека планирањето на семејството и обезбедување на пад на популацијата ќе резултира со 119,2 гигатони СО2 спасени 2050 година, што е најголемото намалување.
Едуцираните жени, тврди тој, имаат помалку деца, со што се намалени стапките на смртност и секако, со сето тоа планирање, и семејствата се поздрави. Помалите семејства со поздрави деца би резултирале со намалување на емисиите од 59,6 гигатони.
Со цел да се натераат повеќе девојчиња да одат на училиште, Хокен предлага училиштата да станат подостапни и попријателски настроени кон девојките, како и намалување на времето потребно за девојчињата да стигнат до училиштето. Иако ова последното може да изгледа чудно, меѓутоа организацијата за права на децата „План Интернешнал“, училиштата во земјите во развој може да бидат на четири или пет часа пешачење за некои деца. Затоа, родителите ги чуваат девојчињата дома, со цел да ги заштитат од можните напади при долгите патувања.
Ако жените добијат поголемо образование, можно е
девојките да сакаат да се одлучат за „STEM“ полињата. Ова би можело да помогне во подобрување на климатските промени, само затоа што го зголемува бројот на различни гледишта во врска со ова прашање. Како што истакнува „Нешнл Џиографик“, со повеќе женски истражувачи, би можела да се прошири базата на знаење - и со тоа, способноста да се подобрат решенијата за моменталните климатски промени.