Како да се подобри образованието и да им се даде поголема шанса на талентираните и надарените деца во земјава? Каква е состојбата со земјоделски обработливото земјиште во земјава? Доцнат конкурсите за уписи на студенти на државните универзитети... ова се дел од темите што ги обработувавме неделава.
Ѓорѓи Илиевски
Наместо случајот да се фокусира на тоа да има решение дали тројцата функционери и Универзитетот од Тетово го прекршиле законот при унапредувањето,
инспекторот Ѓорѓи Илиевски на 19 јули ќе се соочи со дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат.
Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.
Постојат мерки и инструменти во образовниот систем, но само формално, проблемот е нивното имплементирање и несоодветни и нејасни критериуми на кого се применуваат тие мерки – ова е еден од важните заклучоци што беа донесени откако 50-ина наставници, родители, експерти од образование, неделава се сретнаа и дискутираа за изработка на национална програма за талентирани и надарени деца. На едно место („Јавна соба“) Фондот за иновации и технолошки развој ги спои сите важни чинители со цел да се увидат најголемите проблеми и предизвици, но и можни решенија во пристапот кон талентираните и надарените деца, со цел тоа да прерасне во
„Фонд за млади умови“.
Проф. д-р Татјана Миткова и проф. д-р Миле Маркоски
Состојбата со земјоделското обработливо земјиште во Македонија е загрижувачка. Податоците покажуваат дека од вкупната површина на земјава (25,713 квадратни километри), земјоделско земјиште опфаќа само 49,16%, од кои половината се пасишта, а половината обработливи површини, што значи дека обработливо земјиште има мошне малку и покрива само една четвртина од територијата на земјата. Од неа, пак, 150-190 илјади хектари, иако се водат како ниви, се напуштени, најчесто поради миграцијата село-град, а од податоците на Геодетската управа за катастарските класи, најквалитетните почви од прва и втора класа се само 8 отсто, додека другите се ниска класа.
Проф. д-р Татјана Миткова и проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ) велат дека уште позагрижувачко е што намалувањето на обработливите површини продолжува, особено намалувањето на најплодниот дел - земјишниот фонд, за што придонесуваат голем број фактори - од човечки, преку еродирање, па до разни видови деградација и загадување.
Новите студенти на некој од државните факултети ќе имаат уште некое време за да одлучат каде ќе се запишат, со оглед на тоа дека сè уште не се распишани конкурсите за упис во прв циклус додипломски студии за 2019/2020 година. На последната владина седница (на 5 јули) беше усвоена информацијата со предлог за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус за учебната 2019/2020 година. Сега се на потег универзитетите во земјава да ги распишат конкурсите за упис во прва година.
Речиси еден месец подоцна ќе бидат објавени
конкурсите на јавните универзитети во земјава. Лани конкурсот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје беше објавен на 13 јуни. Од УКИМ велат дека во наредниот период ќе биде објавен и конкурсот за идната академска година.
Еден мој клиент ми вели: „Мики, јас не барам многу, само малку спокој и мир“. „Ех“, му велам, „човеку драг, мислиш дека тоа е малку?! Ќе дојде време кога на светов ќе живееме 200 години, а нема да сме мирни ниту една секунда“ – пишуваше во
колумна психологот и универзитетски професор Мирослав Пендароски
Драг читателу, кој и да си, стар, млад, голем, мал, жена, маж, дете, старец, намерник или случаен минувач, ти се обраќам повикувајќи те да го прочиташ текстов како што сакаш, ама едно вети ми - дека ќе ги затвориш очите и ќе појдеш со мене на овој пат-беспат, на овој друм од емоции и мисли сограден и ќе си речеш – дали е така?!