X
 09.06.2019 Наша тема

Антикорупциска истражува како функционери напредувале со научно-наставни звања на Тетовски, новите возила за брза помош сѐ уште не се користат... Што пишувавме изминатата недела

Случајот го привлече вниманието на многу медиуми и предизвика силни реакции од многу засегнати институции

Претставката во Антикорупциска комисија која просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски ја поднел против актуелниот министер за образование и наука Арбер Адеми и уште двајца функционери под сомнение дека противправно стекнувале наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово во изминатите години, беше главната тема што Факултети.мк ја истражуваше минатата недела. Случајот го привлече вниманието на многу медиуми и предизвика силни реакции од многу засегнати институции. Имавме приказни со Александар Петков - иден пилот и меѓу најмладите авиоинженери во Италија, дека новите возила за итна медицинска помош сè уште не се користат, како новите материјали се користат за прочистување на отпадните води од тешки и токсични материјали, каков е третманот на хемијата како наука во Македонија.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми / Фото: Влада

„Министерот Арбер Адеми незаконски станал доцент на Тетовски, тврди просветниот инспектор Илиевски. Случајот го истражува Антикорупциска“ беше првиот од серијата текстови што отворија широка дебата.



Следуваше продолжение со наслов „Уште еден скандал на ДУТ: Двајца функционери незаконски станале вонредни професори, тврди просветниот инспектор Илиевски“. Антикорупциска комисија испитува и дали заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.

По овие два текста Државниот просветен инспекторат се огласи дека се оградува од тврдењата на инспекторот Илиевски за нерегуларностите на тетовскиот универзитет во врска со изборот на наставно-научни звања на тројца државни функционери.

Ѓорѓи Илиевски

На тоа Илиевски реагираше со писмо во кое нагласи: „Бев замолен да го прикријам целиот случај“. Тој рече:
- Mи вршеа притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија оти ќе трпам последици ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија.

Истражувањата продолжија со анализи до каде се ингеренциите на просветните инспектори вработени во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), колку Законот за просветна инспекција им дозволува самостојна работа и дали нивните решенија се личен став или на институцијата?

Факултети.мк деновиве продолжува да истражува и ќе информира како се развива случајот.

Александар Петков

Во меѓувреме, објавивме приказна за Александар Петков - иден пилот и меѓу најмладите авиоинженери во Италија. Тој е еден од најмладите воздухопловни инженери во Италија, постдипломец по авиомеханика и иден пилот на комерцијални летови.

Илија Ристовски

Илија Ристовски, матурант од „Нова“, ќе ги совладува вештините на кардиологијата или ортопедијата на најстариот медицински факултет во Унгарија. Откако првата година од средното образование ја завршил во гимназијата „Орце Николов“, втората во САД како стипендист на YES програмата и последните две години во „Нова“, Ристовски се чувствува подготвен за новата образовна авантура.


Проф. д-р Александар Димитров

Професорот Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, заедно со тимот соработници од овој факултет, веќе неколку години интензивно работи на истражувања од областа на наноматеријалите. Нивниот најнов научен проект е примена на нови материјали за прочистување на отпадните води од тешки и токсични материјали за заштита на животната средина и природата.

Фото: СХТМ

„Да учиш хемија во Македонија е како да учиш да возиш без велосипед“, вели д-р Марина Стојановска, професорка на Институтот за хемија во Скопје и член на секцијата за образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Таа вели дека наставникот има клучна улога во општеството. Tој е еден од најважните фактори за квалитетно образование на учениците.

Фото: Министерство за здравство

Новите возила за брза помош сè уште не се користат. Се чекаат документи за регистрација. Директорите на здравствените домови не можат да ги регистрираат шесте возила што ги доби Итната помош во Скопје и останатите шест што ги добија установите во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и во Дебар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема