X
 14.07.2021 Образование

Уписи на УКЛО - Создаваме иднина: Висока медицинска школа - Битола

Почетоците на високото образование на медицинските сестри во нашата држава се совпаѓаат со основањето на Вишата медицинска школа во Битола.

Следејќи ја едукацијата на здравствените работници во Европската Унија и во светот, како и потребата на здравствените установи за високообразован кадар кој ќе биде оспособен да ја преземе одговорноста во реализацијата на послoжени здравствени процедури, основани се повеќе студиски програми, кои меѓусебно се надополнуваат и го комплетираат тимот во здравствениот систем, со строго определени самостојни интервенции.

Студиската програма за општа медицинска сестра овозможува научна разработка на концепциите за сестринската нега кои сè повеќе се преокупација на националните и светските научно-медицински подрачја на работа, со акцент на здравјето на населението, како цел со општествено-социјално значење. Вклучување на сестрата во процесот на утврдување клучни аспекти, потреби и проблеми во сестринската дијагностика и процесот на здравствена нега, уочување, формулирање и решавање основни и специфични здравствени проблеми во областа на сестринството, следење на процесот на болеста и спроведување интервенции во одделни фази на болеста по пат на примарна, секундарна и терцијарна превенција, следење на болниот сè до крајниот исход на болеста, ја потенцираат нејзината инивидуалност во вкупниот третман на секој пациент.

1

Согледувајќи ја потребата од профилот акушерка во здравството, Високата медицинска школа, имајќи го  предвид фактот дека профилот акушерка е мошне специфичен и дефицитарен профил во државата, ја стави во функција едукацијата на студентите од овој профил. Едукацијата е во насока на поддршка за развој на континуирано оспособување на акушерката од областа на акушерството и гинекологијата, според високи образовни меѓународно признати стандарди; добивање и поставување на акушерката во водечката улога во организацијата, негата, лекувањето и превенцијата на проблемите од акушерско-гинеколошката област; кои ќе ги имплементира во решавањето на акушерско-гинеколошката проблематика во државата и пошироко во регионот.

2

Имајќи го предвид фактот дека профилот на високо едуциран кадар е специфичен и дефицитарен, се наметнува потребата за нагласено современо високо образование на додипломските студии за медицинско-лабораториски аналитичар.

Со современиот концепт и трендови во организацијата на здравствената заштита, во организационите единици се обезбедува здравствена заштита од високо специјализирани и супспецијализирани стручни кадри, во чии тимови многу значајно место зазема медицинско-лабораторискиот аналитичар како круцијална алка во синџирот на здравствени услуги и постапки, со цел поквалитетна здравствена заштита на населението.

Современите медицинско-дијагностички тенденции во светот бараат интензивни промени во едукацијата на здравствените профили во правец на проширување на нивните знаења, вештини и компетенции. Флексибилноста на нивните знаења од областа за која се едуцираат мора да профилира сестрани познавачи на нивните професионални обврски и задачи.

Од тие причини сите радиолошки технолози се едуцираат да ги разбираат основните принципи и можните процедури во испитувањето кои можат да бидат изведени кај секоја од методите на снимање. Техничко-технолошкиот тренд на модерната дијагностика од технолозите бара да направат многу повеќе од позиционирање на пациентот.

3

Воведувањето на профилот радиолошки технолог во рамките на Високата медицинска школа во Битола значи дека се соочува со предизвикот на новото време и ерата на современите дијагностички технологии. Нашите заложби се во правец на следење на ваквите тенденции и приспособување на студиската програма на новото време.

Дипломираниот рендгенолошки технолог во себе има доволен квантум на знаење од аспект на стручно-научни и техничко-технолошки специфичности од областа на радиологијата, рендген и компјутерска томографија, процедури кои се неопходни за извршување на работните задачи, кои по дефиниција се исклучително сложени за пациентот, околината и за самиот извршител.

Физиотерапевтската професија и научната разработка на концепциите за физикална терапија и рехабилитација сè повеќе се преокупација на  научно-медицински подрачја на работа, бидејќи здравјето на населението е од особено општествено и социјално значење. Оправданоста за едукација во областа на физикалната терапија и рехабилитацијата е улогата на физиотерапевтот како главен носител во физиотерапевтскиот третман во средината во која живее и работи, определбата да помага на поединецот, групата и семејството, за да ги утврдат и остварат своите физички, ментални и општествени потреби.

4

Потребата од воведување на насоката санитарен инженер ја наметнаа одредени сегменти од здравствениот систем за високо специјализиран соработнички кадар,неопходен за нормално функционирање на санитарниот надзор, со стручни лица што ќе бидат активно вклучени во следење и надзор на квалитетот во состав на хигиенско-епидемиолошкиот и микробиолошкиот тим, во лаборатории за хемиско и микробиолошко испитување на прехранбени производи и предмети за општа употреба, во лаборатории за хемиско и микробиолошко испитување на сите видови води, во лаборатории за испитување отпад, земјиште, воздух и екотоксикологија користејќи високо софистицирана опрема, како и во единиците за санитарна техника, на ДДД работни задачи и единици за стерилизација.

Во Високата медицинска школа во изминатите 33години своето образование го заокружиле повеќе од 3.000 здравствени работници на сите студиски програми. Нашите дипломирани студенти денес се носители на здравствената дејност во многу здравствени установи во земјата и во странство. Сите неопходни информации поврзани со запишувањето и Конкурсот може да се најдат ТУКА.

6

Инаку, препознатливоста на ВМШ се должи на силните напори во правец на усогласување на системите за високо образование, промовирани низ серија декларации, во кои се нагласува потребата за развој на компатибилно високо образование кое ќе овозможи лесно читливи и препознатливи дипломи, висока мобилност на студентите и наставниот кадар, поголема ефикасност и ефективност на студиите, како и конкурентност на европскиот и светскиот пазар на трудот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование