X
 01.11.2015 Образование

Факултет на кој можете да ја откриете смислата на животот

Што за вас е среќата? Како изгледа исполнетиот живот? Дали луѓето сами се одговорни за резултатите од својот живот?

 

смисла


Ова се прашања на кои човек во животот бара одговори. И додека повеќето од нас луѓето со овие мистерии се соочуваат сами, студентите од факултетот Суфол во Бостон, одговорите на овие прашања можат да ги научат во склоп на предметот „Смислата на животот“.

Во последните две академски години студентите од факултетот Суфолк имаат можност да посетуваат предмети чијашто крајна цел е да ја откријат смислата на животот.

Курсот е финансиран од страна на институцијата „Национален фонд за хуманитарни науки“, како дел од инвестицијата од 3.2 милиони долари. Целта е да се поттикнат студентите да се занимаваат со „вечните прашања“. Нив им предава Евгенија Черкасова, професорка по филозофија. Професорката вели дека иако курсот трае само две години, стана еден од најпопуларните предмети на универзитетот.

Во согласност со наставната програма, студентите читаат и дискутираат за филозофијата, уметноста, религијата, литературата и психологијата, како и за различните пристапи за смислата на животот и нејзините причини, како и да донесат сопствени заклучоци за тоа што значи да се води смислен и исполнет живот.

Задачите не се ниту малку слични како оние на другите факултети. Студентите се поттикнати да употребуваат авто рефлексија и креирање на сопствен профил на значење. Целта е студентите кои го посетуваат овој предмет да разјаснат што за него значи среќа и по кој пат може да се добие среќата. Студентите во склоп на предметот донесуваат свои заклучоци кои ги споделуваат на интернет, а во склоп на предметот создадена е и видео играта „Vixi:A Master's way“, во кој играчите се соочуваат со прашања кои се обработуваат во текот на предавањата.

„Прашањата со кои се соочуваме на овој курс се прашања со кои се соочуваме во својот живот. Иако сме во различни стадиуми на животот, истражувањето е безвременско“, вели професорката Черкесова.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование