X
 22.04.2016 Образование

Клучна промена во предавањето за спречување на лошото однесување на час

Наставниците често имаат проблеми со ученици кои зборуваат на час. За време на часот, речиси секогаш кога некој кажува нешто или одговара на прашање, многу ученици ја користат оваа можност за да започнат со зборување наместо да се фокусираат на слушање. Тогаш се вадат и телефоните и часовите пропаѓаат.


Професорот Лари Ферлацо се соочувал со овој проблем постојано, сè додека еден ден не започнал да казнува. Учениците за кои сметал дека се најпроблематични биле преместени во првиот ред. На останатите им давал поголеми домашни задачи. Се заканувал со понатамошни последици.

Однесувањето се подобрило само навидум, а атмосферата во училницата била полоша од порано. По два дена казнување, на третиот ден, Фарлацо си рекол себеси: „Што правам?“

Тој го започнал часот кажувајќи му на класот дека не бил задоволен со однесувањето на учениците во последниот период, ниту бил задоволен од строгата реакција на тоа од негова страна. Тој се извинил за неговото казнување, а потоа им кажал на учениците дека за него е важно да се има добро однесување од страна на учениците и да се има добра околина за учење.

Тој посочил дека сака учениците да не зборуваат додека тој или друг ученик зборува, а потоа телефоните да се користат само кога се потребни за часот. Тој ги поништил сите претходни казни, иако целиот клас се согласил дека треба да се има последици за сите идни лоши однесувања, и работите започнале да се подобруваат.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование