Најдобриот начин да откриете дали храната е добра за јадење не вклучува рок на употреба отпечатен на пакувањето.
Роковите на употреба се базираат на груби процени. Тие можат да кажат кога јајцата или свежиот стек нема да има најдобар квалитет за јадење. Еве како можете да откриете што во вашиот фрижидер е добро, а што лошо за јадење.
Расипаното јајце плови во водата.
Лушпата на јајцето е малку порозна и како што старее, почнува да влегува воздух помеѓу ѕидот на лушпата и јајцето. Ако има доволно воздушен меур во самото јајце за тоа да плови во водата, веројатно станува збор за расипано јајце.
Јогуртот со истечен рок е потечен.
Кога се чува соодветно, јогуртот може да трае помеѓу една и три недели. Тоа е благодарение на живите бактериски култури што дејствуваат како природен конзерванс. Но кога овие култури почнуваат да умираат, работите тргнуваат наопаку. Од јогуртот ќе излегува поводлеста течност, а понекогаш може да се формира и мувла.
Непеченото говедско месо станува лигаво ако му поминал рокот.
Живото говедско месо со непријатен мирис, лигава текстура и лепливо, најдобро би било да се фрли. Промените во бојата, пак, не мора да значат дека индицираат поминат рок.
Расипаниот хумус има кисел вкус.
Ако купениот хумус од продавница има кисел вкус, веројатно е знак дека рокот му е истечен.
Маслиновото масло престанува да мириса како маслинка ако се расипало.
- Доброто маслиново масло треба да има силен мирис на маслинка - вели готвачот Маркус Самуелсон.
Маслото што е расипано често мириса на моторно масло или на лепило.
Расипаната риба испушта невообичаена миризба на риба.
Свежата риба треба да се изеде во рок од 36 часа по купувањето. Расипаната риба обично е лигава, со дебела, лизгава обвивка. Исто така, може да развие силна миризба на риба, што не е вообичаено.
Свежиот зеленчук добива жолта боја кога ќе се расипе.
Некои зеленчуци може да се спасат така што ќе ги потопите 10-15 минути во многу студена вода.
Киселото млеко се згрутчува ако е расипано.
Показател дека киселото млеко се расипало е тоа што ги менува текстурата, миризбата и конзистентноста. Кога млечната киселина во млекарниците почнува со производство на бактерии, се добива кисел мирис. Како резултат на тоа, може да се создадат грутки или парчиња.
Свежото овошје ја менува текстурата кога има поминат рок.
Ако овошјето станува меко, тогаш не треба да го јадете. Други предупредувачки знаци дека овошјето се расипало се и губењето на бојата, непријатниот мирис или брчки на лушпата кога го лупите.
Расипаниот леб има мувла.
Ако забележите мувла на парче леб, не е безбедно за јадење, дури и ако нема мувла на другиот дел од лебот. Од друга страна, цврстиот и сув леб не значи дека е расипан. За создавање на мувлата потребна е влага, така што сувиот леб е добар за јадење.
Сувомесното има лоша миризба и ја менува текстурата кога е расипано.
Шунката, саламите, печениците се расипани ако станале тврди и лигави, а треба да се јадат во рок од три дена по купувањето.
Расипаното сирење почнува да мириса како кисело млеко.
Кога станува збор за сирењето, влагата е највиновна за расипувањето. Колку е помеко и повлажно сирењето, толку е поголема веројатноста да се расипе. Расипаното сирење ќе има и мирис на кисело млеко.
Ако забележите мувла на мекото сирење, на пример на крем-сирењето, треба веднаш да се фрли. Истото важи и за ренданото и за исеченото
сирење.
Од друга страна, кашкавалот потешко се расипува. Во многу случаи дури и да има мувла на кората, исечете ја и кашкавалот ќе може да се јаде бидејќи мувлата не навлегува во потврдите кашкавали, како чедарот или пармезанот.