X
 25.02.2023 Технологија

Во Помпеја се произведува струја од соларни панели што личат на ќерамиди

Над 3,5 милиони туристи секоја година ја посетуваат Помпеја за да ги видат остатоците од градот кој бил уништен во ерупција на Везув во 79 година. Веројатно само мал број од нив ќе ги забележат соларните панели затоа што тие се „маскирани“ како стари римски ќерамиди.

- Тие изгледаат исто како ќерамидите што ги користеле Римјаните, а произведуваат електрична енергија која ни е потребна за да ги осветлиме фреските - изјавил Габриел Зухтригел, директор на археолошкиот парк во Помпеја.


Фото: Pixabay

Со ова решение се елиминираат каблите и бандерите и се заштедуваат милиони евра, објаснил тој.

Овие ќерамиди се развиени и патентирани од семејниот бизнис „Диаква“ во Италија. Тие се изградени од полимерно соединение кое им овозможува да личат на други материјали. Тие може да бидат направени да наликуваат и на камен, дрво, бетон или цигла.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија