Фосили од пингвин со големина на возрасен човек беа откриени на Јужниот Остров на Нов Зеланд, соопштиja од музејот „Кантербери“ во Крајстчрч.
Праисториската морска птица наречена „crossvallia waiparensis“ била висока околу 1,60 метар и тешка околу 80 килограми – за 40 сантиметри повисока и четирипати потешка од царскиот пингвин, најголемиот и најтежок од родот пингвини што живеат на Антарктикот.
Џиновскиот пингвин живеел во епохата на палеоценот, пред 56 до 66 милиони години.
Палеонтолозите минатата седмица соопштија и дека на Нов Зеланд пронашле остатоци од папагалот херакле – висок еден метар, кој живеел пред 19 милиони години.
Извор: МИА