X
 21.02.2023 Политика

Држави во чии парламенти има повеќе жени отколку мажи

Минатата година, првпат во историјата на Нов Зеланд во парламентот имаше повеќе жени отколку мажи. Оттогаш во парламентот на Нов Зеланд има 60 пратенички и 59 пратеници.



Во светот само шест држави имаат повеќе жени отколку мажи во парламентот. Меѓу нив се следните земји.


Руанда - 61,3 отсто

Во 2008 година Руанда стана првата земја во светот со парламент во кој мнозинството беа жени. По геноцидот во 1994, жените играа клучна улога во стабилизацијата на нацијата. Во 2003 година, државата донесе закон за квоти на жени во парламентот, што доведе до зголемување на пратеничките.

Никарагва - 51,7 отсто

По изборите во 2021 година, во парламентот на Никарагва влегоа повеќе жени отколку мажи. Ова вроди надеж за подобрување на ситуацијата со правата на жените и родовата еднаквост.

Други земји што постигнале родова еднаквост во парламентот се Куба, Мексико и Обединетите Арапски Емирати, пишува Светскиот економски форум.

Кога станува збор за економски развиените земји, Франција котира најдобро. Таму 37,3 отсто од членовите на парламентот се жени. Во Германија 34,9 отсто од пратениците се жени, во Обединетото Кралство 34,7, во Италија 32,3 отсто, а во Канада 30,5 отсто.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика