X
 14.08.2019 Технологија

Во авиони во САД забрането да се внесуваат одредени модели лаптопи на „Епл“

Американската федерална управа за цивилна авијација забрани да се внесуваат во авиони моделите на преносни компјутери „макбук про“ на „Епл“.

Компанијата повлече од пазарот одреден број такви компјутери чии батерии може да предизвикаат пожар.

- Управата е информирана за тој проблем на компанијата за некои лаптопи од серијата „макбук про“ на „Епл“ - изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека службата ги предупредила авиокомпаниите за повлекувањето.

Во јуни „Епл“ соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи „макбук про“ со екран од 15 инчи бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија