X
 18.09.2019 Наука

Што би можело да ѝ се случи на планетата ако Амазонија целосно изгори?

Амазонија се намалува со алармантна стапка. Беснеат пожари, а глобалното затоплување ја уништува дождовната шума, и токму оваа година во Бразил се случија рекордни 74.000 пожари. Ако исчезне целосно, последиците би биле застрашувачки.

Што би ѝ се случило на планетата ако не преземеме ништо во врска со уништувањето на Амазонија?

1. Речиси половина од светските видови растенија, животни и микроорганизми би биле уништени


Амазонија е дом на 10 отсто од светските видови, вклучувајќи 40.000 растителни вида, 3.000 вида слатководни риби, над 370 вида влекачи и 2,5 милиони вида инсекти. Според многу експерти, во моментов губиме 137 животински и растителни видови и толку инсекти. Тоа се околу 50.000 вида во една година, што е катастрофа за биолошката разновидност на светот. Доколку трендот продолжи со тековната стапка, ќе изгубиме речиси половина од светските видови, вклучувајќи 118 загрозени вида.

amazonija
Фото: Wikimedia Commons


2. Би имало огромна загуба во медицинските можности, бидејќи 90 отсто од човечките болести се лекуваат со лекови добиени од природата на Амазонија


Модерниот медицински свет буквално зависи од богатството на Амазонија. Ако исчезне дождовната шума, ќе исчезнат толку многу потенцијални лекови за болести. Во моментов 121 лек, вклучувајќи ги и оние што лекуваат глауком, леукемија, срцеви заболувања и маларија, се добиени од растенија од Амазонија.

3. Подолго ќе траат сушите и ќе има помасивни поплави


Доколку се уништи Амазонија, ќе се намалат врнежите од дожд околу шумскиот регион. Ова ќе предизвика дополнителна промена во климатските промени, што ќе резултира во повеќе суши и масивни поплави. Последиците ќе се почувствуваат на секој агол на нашата планета бидејќи силните суши и екстремните поплави ќе доведат до масовно уништување на животинскиот свет, зголемена ерозија и ширење заразни болести. Амазонија веќе забележува намалување на врнежите од 25 отсто во некои региони.

4. Ќе се ослободуваат стакленички гасови 5 до 6 пати повеќе, со што би се забрзал процесот на глобално затоплување


Дрвјата и растенијата апсорбираат јаглероден диоксид, а кога ќе изумрат од амазонската дождовна шума, ќе ослободат милијарди тони јаглерод што дождовната шума го чувала со години.

5. Помалку врнежи на дожд ќе предизвика повеќе суша што ќе ги загрози земјоделството, водата и снабдувањето со храна


Потоплите температури, долгите суши и честите поплави би ги загрозиле земјоделството, водата и снабдувањето со храна. Намалувањето на врнежите од дожд би довело до зголемување на бројот на штетници и болести, а помалку вода значи и помалку ресурси за одржување на земјоделските култури.

6. Би изгубиле 80 отсто од видовите храна што ги добиваме низ целиот свет.

Постојат повеќе од 3.000 овошја во Амазонија што може да се јадат. Дождовната шума произведува 80 отсто од храната во светот, вклучувајќи авокадо, смокви, портокали, грејпфрут, лимони, банани, манго, ананас, кафе, кокос, чоколадо и домати. Губењето на дождовната шума ќе го намали нашето снабдување со храна.

7. Квалитетот на воздухот ќе се намали и ќе почнеме да вдишуваме повеќе СО2


Според Светската организација за животински свет, Амазонија апсорбира околу 100 милијарди тони јаглерод. Ако изгори, ќе стане извор на јаглероден диоксид.

8. Намалувањето на врнежите од дожд ќе предизвика повеќе суво време, а со тоа и повеќе шумски пожари


Тргајќи го настрана фактот дека човечките пожари ја уништуваат Амазонија, доколку температурите се зголемат за 3 Целзиусови степени, природните пожари би избришале 75 отсто од Амазонија. Тоа би создало верижна реакција, а губењето на дрвјата ќе доведе до намалување на врнежите од дожд, што за возврат би предизвикало посуво време и со тоа повеќе шумски пожари.

9. Околу 30 милиони луѓе што живеат во дождовните шуми би ги загубиле своите домови


Амазонија е дом на повеќе од 30 милиони луѓе, од кои 2,7 милиона се домородци. Повеќе од 350 етнички групи зависат исклучиво од дождовните шуми. Сите тие жители се потпираат исклучиво на природните ресурси на Амазонија за храна, засолниште и традиционална медицина.

10. Ќе изгубиме 20 отсто од свежата вода во светот


Реката Амазон складира 1/5 од свежата вода на Земјата, што носи многу придобивки и за луѓето во Бразил и за околината. Секоја секунда приближно 175.000 кубни метри слатководна вода се испуштаат од реката Амазон во Атлантскиот Океан. Слатката вода е важна затоа што обезбедува хранливи материи од растенијата, животните, габите и минералите. Недостигот на врнежи од дожд би имал катастрофално влијание врз системот за слатководни води и внесувањето хранливи материи во реката.

11. Би изгубиле 70 отсто од 3.000 растенија што се активни против карцином


Од 3.000 растенија што се активни против клетките на ракот, 70 отсто се наоѓаат во дождовните шуми.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука