Дали некогаш сте биле во продавница на „Епл“ и сте сакале да купите сè? Всушност, може да има навистина добра причина за тоа.
Еден тиктокер го открил едноставниот трик кој верува дека компанијата го користи за да ги намами купувачите да ги купат производите - и тоа објаснување има многу смисла. Имајќи предвид дека „Епл“ е еден од водечките технолошки гиганти, би помислиле дека нема да им требаат никакви дрски маркетинг-трикови. На крајот на краиштата, без разлика дали се работи за „ајфон“, „мек“, „епл часовник“ или „ерподс“, кој не користи барем еден уред од оваа компанија денес? Но, според тиктокерот Адријан, постојат некои трикови што ги користат во продавниците за да ве поттикнат да ги пробате нивните производи.
„Дали го забележавте ова во некоја продавница на Епл?“, се вели на почетокот од видеото.
Адријан објаснува: „Начинот на кој ги поставуваат своите предмети, на пример, лаптопите, подразбира непријатна поставеност, односно уредите се чудно исправени. Очигледно на овој начин ќе треба да го приспособите позиционирањето. Што значи дека ќе го допрете уредот за да го приспособите. Допирањето може да ви даде чувство на сопственост, што може да ве натера да сакате да го купите“.
Но, не се само лаптопите - очигледно, сличен трик се одвива и со „ајфоните“.
„Нивните телефони се поставени под чуден агол за гледање. Сега допирам, сега сакам“.
Ова би објаснило зошто сè што ќе допреме во продавницата на „Епл“ сакаме и да го купиме. Луѓето се прилично воодушевени од теоријата, а многумина признале дека никогаш не помислиле на ова.
Едно лице напишало: „Сите оние што рекоа дека допреле уред, а не го купиле. Фактот дека сте го допреле значи дека веќе сте фатени во маркетиншкиот трик“.
А втор тврдел: „Порано работев во Епл. По цел ден од сите вработени бараа да ги поставуваме екраните под агол од 76 степени. Ги меревме со нашите ајфони!“
Извор: Unilad
Фото: Freepik