X
 16.04.2019 Живот

Француски милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Францускиот милијардер Франсоа Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

- Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам - напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата „Керинг“, која е сопственик на познатите брендови „Гучи“ и „Сен Лорен“ и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа „Кристи“. Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот