X
 16.11.2020 Живот

Северна Кореја веројатно тренира делфини за воени цели

Северна Кореја е таинствена земја. Но, деновиве медиумите пренесуваат вест за земјата која стигна до сите делови од светот. Се вели дека земјата тренира и користи делфини во рамките на својата воена програма.

Заклучокот е донесен во извештај на непрофитниот Американски поморски институт во кој се анализирани сателитски фотографии од потенцијални места за чување делфини. На фотографиите се гледаат кафези за делфини во водите на Северна Кореја, во близина на воени бродови и бродоградилиште.

Дел од фотографиите датираат од 2015 година и со нив се покажува разликата во споредба со фотографии направени во 2019 и 2020 година. Непрофитната организација вели дека има две бази за тренирање делфини.


Фото: Pixabay

Користењето делфини за воени цели можеби звучи како чудна стратегија, но американската морнарица била првата што го искористила овој метод. Американската морнарица користела и морски лавови, покрај делфини. Морнарицата ги користела овие цицачи за да открива мини или припадници на непријателската армија во водата.

Од она што е познато, Русија е единствената друга земја освен САД што користела вакви методи, а сега се чини дека и Северна Кореја ѝ се придружува на оваа мала група. Сепак, на фотографиите од Северна Кореја можеби едноставно се гледаат фарми за риби, а не места за тренирање делфини.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот