X
 09.07.2019 Живот

Неколку вознемирувачки факти за кои ќе посакате да не се вистина

Што е вознемирувачки факт? Можеби изгледа безбедно да се праша, но тоа е прашање кое загарантирано ќе ве однесе до некои вознемирувачки откритија.

Еве неколку вознемирувачки факти.

1. Точката каде што можете да бидете најдалеку од цивилизација е во Пацификот и е наречена точката Немо.

Тука повеќе станува збор за оддалеченост од земјиште наместо од цивилизација. Како и да е, далеку е.

2. Кај бебињата трајните заби се веднаш под нивните очи.

3. На Монт Еверест има повеќе од 200 безживотни тела и тие се обележја за оние што се искачуваат.

4. Во Франција имало случај кога свиња била облечена во облека, ѝ било судено на суд и била осудена на смрт.

Некогаш имало и судење на животни, а тука освен штетници биле вклучени и инсекти.  

5. Дали некогаш сте помислиле како умираат китовите и делфините? Кога ќе остарат и веќе нема да можат да одат до површината за да дишат, тие почнуваат да тонат во темните и студени длабочини од океанот, каде што се дават.

Ова може да ви биде вознемирувачко, но е дел од кругот на животот. Како што овие големи вреќи со хранливи материи тонат на океанското дно, тие се храна за многумина и е многу подобар крај од испливувањето на бреговите поради човечко влијание.

6. Ти си мозок во череп. Немаш скелет во тебе, ти си во скелет.

Па, да... но дали ти си само твојот мозок? Во поширока смисла, ти си ти, целото твое тело, дури и ноктите и косата. Но, на некој вознемирувачки начин, ова прави черепот да изгледа како затвор за мозокот, а не само заштитен шлем за твојот најкомплициран орган.

Доколку не сте вознемирени, има многу други вознемирувачки факти на „Редит“. Прочитајте ги, можеби ќе ве замислат и ќе ве натераат малку да истражувате.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот