X
 07.04.2019 Живот

Што може да нѐ научи среќата за тоа како го мериме човечкиот развој?

Минатата недела имав можност првпат да го посетам Бутан, патување кое едвај го чекав со години. Потрагата на земјата да го надмине глобалниот тренд што го мери успехот на човечки развој по БДП и наместо тоа да оди со бруто-националната среќа долго време ме интригира.

Како можеме да постигнеме среќа? Ова е вечно прашање што си го поставуваат многу општества во светот. Многу луѓе уште го бараат одговорот.

Универзитетот „Јеил“ го понуди својот најпопуларен курс минатата година на кој се запишале речиси 1.200 студенти кои сакале да научат како да водат посреќен живот. Успешните бизниси веќе се стремат кон благосостојбата на нивната работна сила за да ја максимираат својата конкурентна предност.

Тогаш, зошто кога станува збор за мерење на развојот на нашиот свет, ние сè уште го изедначуваме економскиот напредок со подобар живот и градиме пат кон напредок во 2019 година со метрика од 30-тите години на 20 век?

sreka
REUTERS/Singye Wangchuk


Светската здравствена организација предупредува дека до 2030 година депресијата ќе биде водечка глобална болест. Дали земјите треба да си постават цели да ги направат своите граѓани посреќни?

Одговорот сè повеќе е да, со повеќе и повеќе земји што го прошируваат своето мерење на успехот.

Од Велика Британија до Костарика, од Шведска до Словенија, владите сè повеќе и повеќе се фокусираат на анализа на благосостојбата на своите граѓани. „Буџетот за благосостојба“ на Нов Зеланд за 2019 година ќе го прошири својот фокус надвор од чистата економска и фискална политика, користејќи поширок збир на индикатори за мерење на успехот.

Практично, ова значи дека бројките за детската сиромаштија ќе бидат презентирани со секој буџет, а обврските ќе бидат на владините министри за да покажат како предлозите за трошење ќе го подобрат животот на луѓето.

Земјите како оваа го следат препознатливиот пат што го создале пионерите за мерење на она што е важно.

Искуството на Бутан

Малечкото кралство Бутан, лоцирано во височините на хималајскиот планински венец меѓу Кина и Индија, е едно од нив.

Во 2008 година земјата го зацврсти концептот на бруто-национално задоволство во својот устав, концепт длабоко вкоренет во општеството на Бутан и принципите на будизмот и се фокусира на сочувство, задоволство и смиреност.

Дури и сообраќајните знаци во проектот ги молат луѓето да се одлучат за зеленото за да ја заштитат планетата Земја.

Бутан е прва земја што ја дефинира среќата: создавајќи девет домени - психолошка благосостојба, здравје, образование, користење на времето, културна разновидност, добро владеење, виталност на заедницата, еколошка разновидност и отпорност и животен стандард - и 33 показатели.

Двапати, во 2010 и 2015 година, Центарот за студии во Бутан направил национално истражување за бруто-националното задоволство на национално ниво со цел да се измерат со емпириска прецизност квалитетот и длабочината на среќата на секој човек со текот на времето.

На пример, во 2010 година 59 отсто од Бутанците пријавиле позитивни емоции како што се смиреност, сочувство, простување, задоволство и великодушност неколку пати неделно; до 2015 година овој процент паднал на 51 отсто.

Ова се уникатни податоци што можат да доведат до правилно донесување одлуки. Влијанието на нивните политики и на одлучување е значајно: стапката на сиромаштија во Бутан се намали од 12 отсто во 2012 на 8,2 отсто во 2017 година.

Владата на Бутан на своите граѓани им нуди бесплатно основно образование и здравствена заштита, додека селаните голем дел од електричната енергија ја добиваат бесплатно. Повеќе од 50 отсто од земјата на Бутан се наменети за национални паркови, а повеќе од 80 отсто се опфатени со природни шуми. Бутан воопшто не е загаден.

Пристапувањето на различен пат кон БДП не значи дека економијата не е важна. Важна е. Дури и како една од најбрзорастечките економии во светот, постои притисок во Бутан да се создадат повеќе работни места. Во 2023 година Бутан повеќе нема да биде најмалку развиена земја во светот, сигнализирајќи ја потенцијалната промена во односите меѓу Бутан и остатокот од светот. За мала, географски изолирана земја со застарен приватен сектор, очекуваната смена од добивање помош за развој во унапредена економска дипломатија можеби е најголемиот тест досега.

Бруто-националната среќа и човечки развој може да помогнат.

Програмата за развој на Обединетите нации, врз основа на 50-годишните односи со Бутан, има значајна улога во поддршката на оваа транзиција.

Денес податоците покажуваат дека додека човечкиот развој се подобрува во просек низ светот, најголем пад се забележува во земјите што страдаат од долготраен конфликт. Сириската арапска република, која влегува во деветтата година од конфликтот, падна за 27 места; по неа е Либија, која падна за 26 места и на крај Јемен, кој се смета за најлошата хуманитарна катастрофа во светот денес, која падна за 20 места.

Индексот претставува остра слика, но со мерење на она што е важно, над БДП, податоците покажуваат како кршливоста и кризата ги блокираат артериите на напредокот.

Меѓународниот ден на среќата е добар потсетник дека нашиот свет се менува. Ако сакаме да разбереме како напредуваме, зошто понекогаш не успеваме и на крај да го подобриме квалитетот на нашиот живот, тогаш потрагата по среќа може да го понуди одговорот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот