X
 14.09.2016 Образование

Колку вистина има во урбаните митови за образованието?

Еден од најголемите митови за учењето е дека постојат стилови на учење како визуелен, аудитивен и кинестетички. Овие стилови се на широко прифатени во образованието и покрај малиот број докази за нивната ефективност.

Многу страници ширум интернетот нудат информации за стиловите на учење од типот на едукативни пристапувања, како и сведоштва за ефективноста, но малку нудат цврсти докази за тоа да се потврди.

Едно истражување покажало дека инструментите за различните стилови на учење не се покажале како валидни и сигурни, нема бенефит од тоа инструкциите да соодветствуваат на омилениот стил на учење и нема доказ дека разбирањето на нечиј стил на учење го подобрува учењето и исходот од него.

Вежбите за мозокот што го олеснуваат процесот на учење, а се популаризирале во училиштата во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век, идејата дека некои луѓе ја користат повеќе едната страна на мозокот од другата или „фактот“ дека користиме само 10% од мозокот се само дел од митовите што постојат и тешко е да се разбере како тие успеале толку да се популаризираат.

Се дошло до сознанија дека најчесто ваквите информации се шират усно во образовните институции, меѓу индивидуалци колеги и од оние што ги обучувале и подготвувале наставниците.

Ваквите митови често се тесно поврзани со реалноста: во однос на стиловите на учење секој би можел да каже одреден стил на учење што го користи, но тоа не значи дека учи подобро заради тој „стил“. Најдобро е кога наставниците ги менуваат техниките на учење со што спречуваат на учениците да им биде досадно. Потребно е да се направи нешто различно што би имало ефект, а ефектот да биде позитивен.

На наставниците им се потребни две нешта за да ги подобрат своите практики и да ги елиминираат оние нешта што не им одат во прилог. Прво, потребно е да се обучат за тоа како да гледаат подалеку од атрактивните, но празни тврдења на оние што го имаат моќ да го стават образовниот процес во рамка, и да се спроведуваат обуки на работното место што се покажале дека се сигурни, ригорозни и ефикасни.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование