Кои книги биле актуелни пред повеќе од 40 години?
Се чини дека и пред 40 години најмногу се читале училишните лектири. Кога ќе се земе во предвид пренатрупаноста на задолжителните лектири не е ни чудо што младите немале време да се посветат на современата книжевност.
Училишните програми воглавно опфаќале домашни и странски класици, додека изборот од поновата литература била препуштена на произволни совети.
Многу се читале и оние дела кои биле проследени со бурна реклама и околу кои се водела дискусија. Така на пример се читале книгите на Деникен, а најмногу биле читани домашните писатели како Чопиќ и Шеноа.
Хуморот со кој изобилуваат делата на Чопиќ сигурно привлекувале да бидат доста читани. Преку насмевка полесно и побезболно ја прифаќаме големата вистина и мудрите мисли, а младите се инаку противници на авторите кои „знаат се`“ и кои со возвишен тон се обидуваат да им пренесат некоја порака.
Дека не ги интересирал само современиот живот туку имале и интерес за минатиот век, покажува и популарноста на романот „Селанска буна“ и „Златарево Злато“ на писателот Август Шеноа. Неговите книги се возбудливи и имаат напната содржина - а токму овие карактеристики биле привлечни кај динамичната млада југословенска публика.
Од современите домашни писатели најпопуларен бил Момо Капор не само поради духовитиот стил туку поради проблематиката која за младите била доста блиска.
За најпопуларна книга била прогласена „Гимназијалка“ од Антон Инголиќ. Ова само докажува дека младите од 1976 година сакале книги во кои јунаците биле нивни врсници и кои непосредно ги вклучувале во проблемите со кои и тие се соочувале.
Училишната лектира преовладувала и во изборот на странските писатели: особено биле омилени руските и француските реалисти, а и американската литература од 20-от век, на чело со Хемингвеј.
Се читал и Шекспир и Крлежа, Јанко Матко и Карл Мај.
„Вистинските“ книжевни дела досадни?
Причината за ваквото мислење и заблудата дека „вистинските“ книжевни дела се досадни е предизвикана од задолжителните лектири, кои учениците биле (и се) присилени да ги читаат.
Воглавно младите не сакале да читаат поезија, меѓутоа од малиот број на гласови кои учениците го дале, само Есенин, Цезариќ и Весна Парун биле вредни за читање и не многу досадни.
Омилените писатели на тинејџерите во 1976 година
1. Бранко Чопиќ
2. Август Шеноа
3. Владимир Назор
4. Иво Андриќ
5. Л.Н.Толстој
6. Јанко Матко
7. Ерих Марија Ремарк
8. Еуген Кумичиќ
9. Момо Капор
10. Ерих фон Деникен
Омилените книги на тинејџерите во 1976 година
1. „Гимназијалка“ (А.Анголиќ)
2. „Улавите години“ (Б.Чопиќ)
3. „Златарево злато“ (А. Шеноа)
4. „Ана Каренина“ (Л.Н.Толстој)
5. „Мостот на Дрина“ (И.Андриќ)
6. „Бранка“ (А.Шеноа)
7. „Во регистратура“ (А.Ковачиќ)
8. „Фолиранти“ (Момо Капор)
9. „Ранолетните Орли“ (Б.Чопиќ)
10. „На запад ништо ново“ (Е. М. Ремарк)