X
 12.02.2017 Образование

„30 дена без домашни задачи“ - резултати од експериментот во Хрватска

Во октомври, голем број на учители и наставници ширум Хрватска го прифатиле предизвикот - 30 дена на нивните ученици не им давале домашни задачи.

задача

Иницијативата ја започнал Марко Ферек преку Фејсбук, претседателот на здружението „Будење“ кое се занимава со проблемот на АДХД. Резултатите од иницијативата се неверојатни: прашалникот за евалуација утврдил дека поради иницијативата, учениците се помотивирани за работа, покреативни, а слободното време го користеле за волонтерски активности.

Целта на иницијативата наречена „30 дена без домашна работа“ била да се ослободат учениците и да се создадат оптимални услови во кои учениците подобро ќе се развиваат и учат. Во согласност со времето во кое живееме и популарноста на социјалните мрежи, Марко Ферек одлучил да ја започне групата чија цел била колективно поврзување на наставниците во однос на домашните задачи. Така, повеќе наставници истовремено учествувале во иницијативата, а во групата можеле да разменуваат искуство поврзани со предизвикот.

-Честоto оптеретување на наставната програма доведува до пад на мотивациjата на учениците што се одразува на нивниот општ успех. Недавањето домашни задачи е еден од начините наставниците да се насочат на оваа проблематика и со заеднички сили да најдат најдобри начини да не даваат домашни задачи“, вели Ферек.

На иницијативата, која ги израдува сите ученици, можеле да се приклучат сите наставници, без разлика дали предавале во основно или средно училиште или пак во високообразовните институции. Од самото започнување на иницијативата поминаа повеќе од 30 дена, а за ефектот да биде видлив, наставниците пополнувале прашалници за евалуација.

Како што се очекувало, резултатите се неверојатни.

Дури 90 отсто од наставниците кои го пополнија евалуацискиот прашалник забележале поголема мотивираност кај децата, поразлични организации, повеќе се работело на наставата, учениците станале покреативни, и слободното време го користеле за активности кои биле доброволни. Идејата се рашири, а повеќето луѓе денес знаат за нашата иницијатива, па ги замолуваат наставниците и понатаму да продолжат со неа бидејќи со овој подвиг се создаваат промени“, вели Марко Ферек.

Во Фејсбук групата своето позитивно искуство го сподели и една наставничка од Самобор.

-Еве, мојот клас од второ одделение и после празниците продолжи да работи без домашни задачи, така што веќе 3 месеци имаат доста слободно време за игра и воннаставни активности. Задачите кои не ги решивме, учениците можат ги решаваат кога сакаат и кога имаат време, а родителите често ги охрабруваат, со што на овој начин се гради нивниот однос. Учениците сконцентрирано учествуваат на часот и ни е пријатно во училницата. Стигнуваме да направиме сè, а резултатите од тестовите останаа непроменети. Некои содржини кои повеќе бараат потребно е да се прошират и низ други предмети. Ова е всушност добрата страна на овој предизвик, бидејќи низ таквата корелација, учениците ги поврзуваат сите предмети, со што тие не се поделени - пишува наставничката.

Таа посочува дека, за разлика од некои нејзини колеги, имала голема поддршка од директорката на училиштето и родителите.

-Неколку родители понудија различни алтернативи наместо домашните задачи, а овој предизвик ги охрабри да најдат забавен начин за учење. На неодамнешниот родителски состанок, разговаравме за тоа како ќе продолжиме. Се договоривме дека ќе воведеме минимална задача, само кога е потребна. Доаѓаат малку потешки содржини, а и родителите би сакале учениците да развиваат работни навики за учење дома бидејќи во повисоките одделенија ги чекаат повеќе домашни задачи. Ќе се обидам да ги смислам задачите покреативни, па така учениците ќе ги применуваат во секојдневниот живот и нив, а и она што сме го научиле. Овој предизвик го промени начинот на кој функционира ова наше одделение, а мене создавањето на наставата ми го направи интересно и забавно. Им препорачувам на наставниците да ѝ дадат можност на иницијативата бидејќи е освежување во одделенијата - порачува наставничката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование