X
 14.09.2019 Култура

Ова се најдобрите филмови на 21 век според IMDb

„Нетфликс“ го објави новиот трејлер за филмската верзија за една од најдобрите серии на сите времиња, „Брејкинг бед“. Во два дена трејлерот беше прегледан над четири милиони пати.

Филмот наскоро ќе пристигне и многу луѓе веќе се прашуваат дали ќе стекне статус каков што ужива серијата, за која речиси сите велат дека е една од најдобрите 10 на овој век. Дали филмот може да постигне нешто слично?



Од листата со 250 најдобри филмови на сите времиња според „IMDb“ издвојуваме 10 најдобро оценети наслови снимени по 2000 година, од кои „Брејкинг бед“ треба да надмине барем еден за да се најде на врвот на популарноста.

1. „Темниот витез“, 2008 година - 9,0 (4. место)



2. „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“, 2003 година - 8,9 (7. место)



3. „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, 2001 - 8,8 (11. место)



4. „Почеток“, 2010 година - 8,7 (13. место)



5. „Господарот на прстените: Двете кули“, 2002 година - 8,7 (15. место)



6. „Божјиот град“, 2002 година - 8,6 (21. место)



7. „Авантурите на малечката Чихиро“, 2001 година - 8,5 (27. место)



8. „Интерстелар“, 2014 година - 8,5 (31. место)



9. „Пијанистот“, 2002 година - 8,5 (36. место)



10. „Одмаздници: Завршница“, 2019 година - 8,5 (38. место)


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура