Златниот глобус, една од најценетите американски филмски награди веднаш по Оскарите, како еден од можните фаворити го споменува „Birdman“, кој доби најмногу номинации.
Комедијата на мексиканскиот режисер Алехандро Инариту за поранешен актер во филмови за суперхерои, кој сака да се прослави во театарот, доби седум номинации за награди, кои ги доделува Здружението на странски новинаро во Холивуд.
Филмот е номиниран во категоријата за најдобра комедија, а Мајкл Китон е номиниран за најдобар актер. Ема Стоун и Едвард Нортон се номинирани во категоријата за најдобра споредна улога, а филмот се наоѓа и меѓу номинациите за најдобар режисер, најдобро сценарио и најдобра музика.
Сепак, експертите не се толку сигурни за прогнозите како минатата година, кога филмот „Twelve years a slave“ беше во голема предност во однос на другите. „Birdman“ во категоријата за најдобра комедија се натпреварува заедно со „The Grand Budapest Hotel“, „St.Vincent“, „Into the woods“ и „Pride“.
Во категоријата најдобар филм драма се натпреваруваат „Boyhood“, „Foxcatcher“, „The imitation game“, „Selma“ и „The theory of everything“.
Меѓу актерите за најдобар актер во категорија драма се натпреваруваат Еди Редмејн од „The theory of everything“, Стив Карел oд „Foxcatcher“, Бенедикт Кумбербач од „The imitation game“, Дејвид Ојелово кој го глуми Мартин Лутер Кинг во „Selma“ и Џејк Џиленхол во шокантната драма „Nightcrawler“.
Во категоријата најдобар драмски актер покрај Мајкл Китон номинирани се и Ралф Фајнс од „The grand Budapest hotel“, Бил Мареј oд „St.Vincent“, Жоакин Феникс од „Inherent Vice“ и Кристоф Волц од „Big eyes“.
Во женската конкуренција се натпреваруваат Џулијан Мур со две номинации, за главна улога во комедија во филмот „Maps To The Stars“ и во драмата „Still Alice“ за улогата на жена која страда од Алцхајмерова болест.
Заедно со Мур номинирана е и Џенифер Анистон со улогата од филмот „Cake“ - критичарите сметаат дека со оваа улога таа си го обезбеди патот до Оскарите. Исто така во категоријата се наоѓаат и Фелисити Џон во филмот „The theory of everything“, Розамунд Пајк во филмот „Gone girl“ и Рис Витерспун во филмот „Wild“, додека за титулата најдобра актерка во комедија се натпреваруваат Ејми Адамс во филмот „Big eyes“, Емили Блант „Into the woods“, Хелен Мирен во „The Hundred Foot Journey“ и Кувензејн Волис за „Annie“.
За Златен глобус во категоријата на странски филмови номинирани се шведскиот филм „Force Majeure Turist“, „Ida“ филм од полска и данска продукција, рускиот „Leviathan“, „Gett: The Trial of Viviane Amsalem Gett“ од израел и естонскиот „Tangerines Mandariinid“.
„Наградата Златен глобус која е основана во 1943 година, со текот на времето стана еден од најпочитуваните холивудски филмски случувања кој значително придонесува за промоцијата на филмот. Настанот е значително позабавен од самите Оскари кои се чини дека се заглавени во педесеттите години на минатиот век“, вели Роберт Томпсон, професор по популарна култура на Универзитетот во Сиракуза.
Златен глобус се доделува и за најдобри тв мини серии па така мини серијата „Fargo“ доби пет номинации, а позади неа е „True detective“ со четири номинации.
Во категоријата за најдобра ТВ серија – мјузикл или комедија се „Girls“, „Orange is the New Black“, „Silicon Valley“, „Transparent“ и „Jane the virgin“, додека во категоријата за најдобра драмска серија се наоѓаат „The affair“, „Downton Abbey“, „Game of thrones“, „The Good Wife“ и „House of cards“.
72-то по ред доделување на Златниот глобус ќе се одржи денес, а трета година по ред настанот го водат Тина Феј и Ејми Фелер.