X
 14.09.2020 Економија

Горан Сладиќ – нов генерален директор на „Пивара Скопје“

Од 1 септември 2020 функцијата генерален директор на „Пивара Скопје“ ја извршува Горан Сладиќ. Тој на оваа позиција доаѓа по Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на Coca-Cola HBC за Чешка и Словачка.
Горан Сладиќ, новиот генерален директор на „Пивара Скопје“, е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во „Пивара Скопје“, тој беше на позицијата регионален директор за продажба на Coca-Cola HBC во Нигерија, која ја извршуваше од 2017 година. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на Coca-Cola HBC во Југоисточна Европа.

- Доаѓањето на чело на тимот на „Пивара Скопје“ е новиот голем предизвик за мене, кој ми дава голема енергија и ме инспирира да започнам ново развојно поглавје. Можам да гарантирам дека ќе бидам посветен на поддршка и забрзување на силната агенда на континуитет на она што „Пивара Скопје“ како компанија го има вложено досега и се работело посветено за да се оствари. Агендата на континуитет ќе се темели на три главни столба. Првиот секако е силната традиција на „Пивара Скопје“, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите - вели Сладиќ.

„Пивара Скопје“ веќе 98 години е присутна на домашниот пазар на пиво и безалкохони пијалаци. Компанијата е дел од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија