X
 14.05.2017 Живот

Првиот директор за технологија на „Pinterest“ е Македонец

pinterest

Македонецот Вања Јосифовски е назначен за прв директор на технологија на „Pinterest“. Тој за оваа социјална мрежа работи од 2015 година, а на досегашната позиција беше одговорен за инженеринг и откритија.



Неговата нова работа е надгледување на процесите и новите иницијативи поврзани со машинското учење, инфраструктурата и истражувањето, а над него ќе биде Ли Фан, шеф на инженеринг во компанијата.

„Pinterest“ стигна до точка каде веќе започнува да создава алатки за многу поголема публика, а за тоа е потребен посветен лидер. „Логички е да се постави лидер кој е фокусиран на специфични технички можности, додека тој продолжува да го гради тимот и поголема визија“, вели соопштението од компанијата.

Освен што доби нов директор, „Pinterest“ исто така објавува три ажурирања на алатката „Lens“. Ова вклучува воведување на визуелните водичи кои овозможуваат да пребаруваат помеѓу повеќе предмети во резултатите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот