Секој ден, повеќе од милион животни се прегазени и убиени од автомобилите. Овие животни едноставно се обидуваат да преминат од една на друга страна на патот што за нив претсставува се` поголем предизвик со постојаното градење на нови патишта.
Отсекогаш постоеле природни бариери кои ги држеле луѓето изолирани од животните, како што се на пример големите тела од вода. Денешните животни исто така мора да се соочат и со неприродните бариери подигнати од страна на човекот како што се патиштата и високите огради.
Затоа, некои автопати пронаоѓаат начини да им обезбедат на животните да го преминат патот, со што успешно ги намалуваат прегазените животни. Голем број фактори придонесуваат за недостаток на генетската разновидност, а исто така се зголемува и ризикот од болести и глад. Со други зборови, за еден вид да преживее ќе мора да пронајде пат до другата страна.
Токму затоа важни се мостовите и тунелите, а ние ова им го должиме на животните. Еленот, гуските, птиците и зајаците ова место го нарекувале дом пред ние да се појавиме и да им го искомплицираме животот со смртоносните патишта. Градењето на мостови за животните е правилен чекор, меѓутоа дефинитивно не е лесен.
За љубовта на животните, постојат некои луѓе кои напорно работат за да ги пронајдат најдобрите решенија за да направат патишта побезбедни за дивиот свет. Не е лесна задача, меѓутоа со ова ќе се спасат видовите од изумирање.
Започнете да возите повнимателно и секогаш внимавајте на птиците, малечките верверички и другите животни со кои ја делиме нашата прекрасна планета.