X
 18.07.2018 Наука

Астрономите откриле уште една „Земја“

Телескопот „Кеплер“ на НАСА открил планета слична на Земјата која кружи околу својата ѕвезда во зоната Голдилокс на нашата галаксија. „Кеплер-186ф“ е оддалечена околу 500 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед.

Зоната што би можела да има добри услови за живот е област околу ѕвезда во која планетарните маси имаат доволно атмосферски притисок за да одржат течна вода на нивните површини. Додека се претпоставува дека има околу 40 милијарди планети со големина на Земјата кои кружат во нашата галаксија Млечен Пат, овој конкретен наод се смета дека е првата планета со слична големина како Земјата што е откриена во зона погодна за живот.

planeta

Што значи ова?

Во прилог на „Кеплер-186ф“ одат 4 други планети што кружат околу блиска ѕвезда во системот „Кеплер-186ф“. Ова значи дека ако соседната ѕвезда на оваа планета е иста како нашето Сонце, тогаш веројатноста за живот на оваа планета експоненцијално се зголемува.

- Знаеме само за една планета каде што животот постои - Земјата. Кога бараме живот надвор од нашиот Сончев Систем, нагласуваме откривање на планети со карактеристики како оние на Земјата - вели Елиса Кинтана, научен истражувач од НАСА.

- Откривањето планета погодна за живеење, слична на Земјата, е голем чекор напред.

Соседната ѕвезда до „Кеплер-186ф“ има половина од масата и големината на Сонцето и добива само една третина од енергијата што ја добиваме од нашето Сонце.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука