X
 08.06.2015 Живот

Тест со кој ќе сфатите како е да се живее со дислексија


1


„Кога од мал ми дијагностицираа делумна дислексија, тоа никој не го сфаќаше сериозно. Се сеќавам дека имав 8 години и се` што слушав од другите е дека морам да се трудам повеќе и дека сум мрзелив и глупав“, вели Бритон.

Денес тој е успешен графички дизајнер кој пронајде начин фрустрацијата која дислексијата ја создава, да им ја презентира на другите. Тој направи сопствен фонт наречен „Дислексија“.

 

2


Бритон како основен фонт го користел „Helvetica“, а за да направи свој фонт морал да отстрани 40% од линиите на буквите. Целта била на просечните читатели да им се отежни читањето и да им биде потребно време да ги дешифрираат буквите и зборовите во реченицата и да го читаат фонтот онака како што една личност со дислексија би читала нормален фон.

Додека ја учел последната година на лондонската Школа за комуникации, на Бритон му била дијагностицирана целосна дислексија. Кога им го кажал тоа на професорите и колегите, никој не можел да сфати колку животот му бил потежок.

 

3


„Мислам дека промотивниот материјал за дислексијата е ужасен. Тој не содржи ништо, никаква емоција, ниту пак порака. Луѓето не ја разбираат и не ја сфаќаат дислексијата“, вели Бритон.

Неговиот професор познавал личност вов парламентот кој ја надгледувал комисијата задложена за подигнување на свеста за дислексијата, а Бритон сега работи во комисијата.

„Реакциите на мојата работа се фантастични. Кога за прв пат им го покажав фонтот, тие се изненадија. Им објаснив за што станува збор и сфатија. Тоа беше се` што сакав да постигнам, луѓето да сфатат како е да се биде дислексичен“, вели Даниел.

 

disleksija


Овој типограф не е дизајниран за да покаже како изгледа читањето кога сте дислексични, туку е дизајниран за да симулира чувство додека читате, а имате дислексија, забавувајќи го времето кај обичниот читател за да види колку и` е тешко на личност со дислексија.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот