Една од големите предности на живеењето во Европа е можноста да уживате во различните култури патувајќи на кратки релации. Неодамна пејзажниот фотограф Алберт Дрос имал шанса да се качи на воз и да доживее неколку различни европски градови во 10 дена.
Бидејќи 2021 година е официјално Европска година на железницата, Дрос бил поканет да се вози со „Конектинг воз јуроп експрес“. Овој воз ја поминал цела Европа за 36 дена, а Дрос бил на дел од патувањето и го документирал преку фотографии.
Почнувајќи од Лисабон и завршувајќи во Братислава, Дрос успеал да посети 10 различни града во 6 земји. Поминал 51 час патувајќи во возот, така што имал многу време да открие интересни информации за градовите што требало да ги посети.
Неговите фотографии нудат поглед кон разновидноста на Европа - од модерната архитектура во Виена до средновековниот стар град Братислава.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Albert Dros