X
 09.03.2018 Живот

Африканска авантура бесплатно, но постои услов!

авантура
Фото: Thinkstock

За авантуристите што немаат доволно пари да одат на одмор, а притоа сакаат кучиња, ова е одлична можност за престојување во куќа во Боцвана - и тоа бесплатно. Сè што треба да направите е да се грижите за куќата и за двете кучиња на сопственикот.

Куќата „Ама Аманзи“ се наоѓа во подрачје што е дом за повеќе од 400 видови птици. Оддалечена е 35 километри од најблиското село и претставува идеално место за сите што сакаат да побегнат од секојдневието и да живеат во привремена изолација.

Куќата користи соларна енергија, водата се прочистува, а има и систем за еколошко отстранување на отпадот. Сопствениците на куќата одгледуваат зеленчук, така што гостите можат да уживаат во домашни производи.

Обврската на потенцијалниот вработен ќе биде да се нахранат кучињата и да се однесат на прошетка двапати на ден.

Сопствениците на куќата, Бас и Анита, се надеваат дека ќе пронајдат љубители на животни кои ќе сакаат да се грижат за нивните домашни миленичиња додека тие не се таму, односно во период од три до пет месеци. Заинтересираните можат да ги контактираат преку нивниот оглас објавен ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот