X
 25.01.2019 Технологија

Решете го овој квиз и проверете колку знаете за една од најголемите опасности на интернет

„Фишинг“ е најчестата форма на кибернапад, често е само првиот чекор од големите и комплексни кибернапади, и претставува голема закана за корисниците.

Некои од најголемите хакерски напади почнале со испраќање таканаречени фишинг-пораки во кои испраќачот се обидува да го измами примачот на е-пораката за да дојде до некои негови лични податоци, како корисничко име и лозинка од социјалната мрежа, е-пораки, банкарски услуги и слично. На пример, ако добиете е-порака за која се чини дека стигнала од вашиот шеф (неговото име се прикажува како испраќач) и ако во неа се наоѓа линк на кој треба да кликнете, кој ќе ве однесе на некоја страница или сервис на кој треба да се пријавите со службена пошта (и лозинка), нема ни да се посомневате дека станува збор за измама.

Затоа, важно е секогаш да бидете внимателни. Ако се сомневате дека е-пораката е лажна, никогаш немојте да кликнувате на линкот во неа и да преземете каков било документ - со негово активирање, на пример, би можела да се активира малициозна програма што може да украде работи од компјутерот, да го заклучи компјутерот итн.

За да им помогне на корисниците во откривање измамнички е-пораки поради кои би можеле да имаат проблеми, компанијата „Џигзосу“, дел од „Гугл Алфабет“, претстави интересен квиз што сите треба да се обидете да го решите.

Квизот е направен врз основа на безбедносен тренинг што оваа компанија го спровела со 10.000 новинари, активисти и политички лидери низ светот и е базиран на последните тактики со кои измамниците се служат за да испратат фишинг-пораки.

Од компанијата велат дека „фишинг“ е најчестата форма на кибернапад и секоја стота е-порака испратена денес е „фишерска“, а таквата форма на напад претставува особено голема закана за интернет-корисниците.

Квизот можете да го направите ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија