X
 14.11.2019 Култура

Ејч-би-о преговара за повторно снимање на серијата „Пријатели“

Ѕвездите и креаторите на серијата „Пријатели“ моментално водат преговори со Ејч-би-о за враќање пред малите екрани во вид на специјална серија.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер би требало повторно да ја глумат популарната њујоршка шесторка доколку преговорите за снимање со Ејч-би-о Макс бидат успешни.


Сценариото сè уште не е напишано, а во преговорите наводно се вклучени и креаторите на серијата „Пријатели“, Дејвид Крејн и Марта Кофман.

Извори за „Холивуд репортер“ нагласуваат дека сè уште не е постигнат договор и дека треба да се заклучат договорите со актерите и креаторите.

Кога и ако дојде до договор, останува предизвикот за усогласување на распоредите на сите актери.

Шпекулациите за повторно обединување на „Пријатели“ беа поттикнати поради сè повеќе заеднички фотографии на актерите од серијата објавени на социјалните мрежи во последно време, како и трансферот на серијата од „Нетфликс“ на новиот стриминг-сервис „Ејч-би-о Макс“ што треба да почне со работа наредната година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура