Венеција беше погодена од исклучително висок прилив. Туристите и жителите на градот мораа да облечат високи чизми за да можат да се движат по улиците на Венеција откако силните ветрови го кренаа нивото на водата на 156 сантиметри.
Градоначалникот Луиџи Бругнаро изјави дека ќе прогласи вонредна состојба и предупреди на сериозна штета.
- Ситуацијата е драматична. Ќе бараме од владите да ни помогнат, цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени - напиша Бругнаро на својот твитер-профил.
Базиликата „Св. Марк“ била поплавена шест пати во 1.200 години, од кои четири поплави се случиле во последните 20 години, а најнеодамнешната беше во октомври 2018 година. Засега нема извештај за предизвиканата штета.
Фото: Profimedia
Од 2003 година се зборува за амбициозниот проект „Мојсеј“ кој би ја заштитил Венеција од поплави во наредните неколку века. Станува збор за низа мобилни брани што се способни да ја изолираат венециската лагуна од Јадранското Море кога приливот ќе го премине утврденото ниво од 110 сантиметри, до максималните три метри. Поради прескокнување на предвидените трошоци, скандали и поместување на роковите, проектот не се реализирал.
Венеција тоне веќе 1.500 години поради подигнувањето на
нивото на Јадранското Море. Се предвидува дека до крајот на овој век ќе исчезне.
Фото: Profimedia
Сега водата достигна висина од 1,87 метар, покажуваат податоците од центарот за набљудување на приливот и одливот. Откако мерењата почнале во 1923 година, само еднаш достигнала висина од 1,94 метар во 1966 година.