X
 29.10.2022 Забава

Канадски морнари го прославиле дипломирањето со подводна фотографија

Најновите дипломци на академијата на Кралската канадска морнарица сакале да го одбележат крајот на својата едногодишна обука на посебен начин. Така се родила идејата за правење фотографија под вода.

Официјалната фотографка на морнарицата, Валери Леклер, се согласила да ја фотографира групата во водата. Инструкторите и курсистите скокнале во базен и се наместиле во два реда. Леклер открила дека на сите им било тешко да седат во столовите, па во џебовите носеле тегови за да не испливаат на површината.



Освен тоа, имало кислород само за предниот ред, а оние одзади требало да го задржат воздухот додека позирале. Биле потребни повеќе обиди да се направи финалната фотографија, а Леклер поминала и многу време во отстранување на меурите што биле на фотографијата.

Дипломците ја добиле фотографијата која најдобро ги покажува нивните вештини.


Извор: My modern met
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава