X
 28.12.2024 Живот

Норвешка ќе ги заостри барањата за апликантите за дозвола за постојан престој

Странците што сакаат да добијат дозвола за постојан престој во Норвешка ќе треба да постигнат ниво на познавање А2 во говорот на норвешкиот јазик, наместо А1 како што е моментално поставено. Оваа мерка е предложена од министерството за правда и јавна безбедност со цел да се подобри интеграцијата на странците во норвешкото општество.

- За да се обезбеди добра интеграција, важно е да се постават барања и за познавање на норвешкиот јазик и за познавање на норвешкото општество. Затоа, ние предлагаме да се заострат овие барања. Оваа одлука доаѓа како серија од неколку мерки за да се осигуриме дека ќе продолжиме да имаме контролирана имиграција во Норвешка - истакна Емили Енгер Мел, министерка за правда и јавна безбедност.

Иницијаторите на оваа мерка сметаат дека странците треба да совладаат одредено ниво на норвешкиот јазик пред да добијат право да станат постојани жители во земјата. Властите предложиле барањата за познавање на норвешкиот јазик повеќе да не се поврзуваат со регулативите за интеграција. Наместо тоа, барањата за усно владеење на норвешкиот јазик и полагање граѓански тест за апликантите за дозвола за постојан престој треба да бидат специфицирани во регулативите за имиграција.

Министерство за правда верува дека процесот ќе биде рационализиран и на апликантите ќе им биде полесно да ја пополнат својата апликација. Дополнително, властите предлагаат мигрантите што доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ/ЕЕА, кои потпаѓаат под привремена заштита, да бидат предмет на истите правила. Ова укажува дека лицата од оваа категорија што сакаат да добијат дозвола за постојан престој во Норвешка треба да се придржуваат до истите јазични барања.

Предлогот ќе биде отворен за консултации до 18 февруари 2025 година, кога најверојатно ќе се префрли на повисоки органи и ќе се дискутира понатаму.

Владата направи неколку промени во врска со миграцијата оваа година, вклучувајќи мерки за ангажирање повеќе бегалци во Норвешка и воведување ограничувања за самохраните родители над 60 години кои бараат обединување на семејството.

Извор: schengen.news

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот