Глобалниот сервис за достава на намирници е активен и во Венеција. Постарите граѓани и оние што живеат сами, а се со поголем ризик од заразување, не треба да ги напуштат домовите освен во итни случаи, па затоа се обезбедува специјална испорака со гондолите.
Непрофитната организација „Ро Венис“ е наменета за жени веслачи кои обично превезуваат туристи, но според нивната неодамнешна фејсбук-објава, тие сега одлучија бесплатно да им ги носат потребните работи на оние на кои им е препорачано да останат дома.
Организацијата се здружи со локалните фарми и
продавници, па жени со маски на лицето и со ракавици пловат со гондолите по каналите и доставуваат намирници.
Извор:
6уka.com
Фото: Pixabay