Според новите правила, туристичките групи во Венеција се ограничени на 25 лица, додека употребата на мегафони е забранета.
Мерките се воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам во италијанскиот град, чии канали во историскиот кварт го прават еден од најпосетуваните во Европа. Венеција, исто така, воведе дневен билет за градот оваа година, кој чини 5 евра, откако на бродовите за крстосување им беше забрането да се закотват во 2021 година.
Прекумерниот туризам се смета за едно од најважните прашања за Венеција, дом на 250.000 луѓе, но во 2019 година овој град го посетиле повеќе од 13 милиони луѓе. Оттогаш бројот на туристи се намалил, но се очекува да ги надмине нивоата што биле застапени пред пандемијата.
Венеција доживеа егзодус на локалното население поради стравувањата дека туристите би можеле да го преплават историскиот островски град. Здружението „Оцио“, кое го следи домувањето во градот, во неодамнешното истражување открива дека историскиот кварт има 49.000 легла за туристи, што е двојно повеќе од бројот на располагање за жителите.
Промените во туристичките правила се донесени откако експертите на УНЕСКО минатата година предупредија дека Венеција може да биде додадена на листата со загрозени места од светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени.
На крајот, од УНЕСКО не го сториле тоа бидејќи ги препознале обидите за решавање на проблемите на градот, преку системи против поплави и мерки за намалување на влијанието од масовниот туризам.
Извор: klix.ba
Фото: Freepik