14.11.2022
Живот
Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ
Никола Ристановски е добитник на наградата Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.
Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди што тој ги добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.