X
 14.11.2024 Технологија

„Јутјуб“ тестира нова функција која може да ги налути корисниците

„Јутјуб“ моментално тестира нова функција во мобилната апликација која на многу корисници нема да им се допадне. Како што забележал Тушар Мехта на „Х“, „Јутјуб“ воведува листање на вертикални видеозаписи, во стилот на „Тик-ток“, „Рилс“ и „Шортс“.

Оваа функција ја отстранува претходната можност за лизгање нагоре за да го префрлите видеото во режим на цел екран и да повлечете надолу за да излезете од него.

Имено, како што се гледа на видеото, лизгањето нагоре автоматски ќе се префрли на следното предложено видео, додека со лизгање надолу корисниците ќе се вратат на претходното видео. За да излезе од режимот на цел екран, корисникот ќе мора да се врати до првото видео или да го притисне наменетото копче во аголот на екранот.

Иако од „Јутјуб“ официјално не ја објавиле оваа промена, таа очигледно е дел од стратегијата што може да ги натера луѓето да поминуваат повеќе време на апликацијата, бескрајно лизгајќи од едно видео до друго. Иако таквиот пристап е прифатлив за другите споменати платформи, тој не е погоден за класични видеа што корисниците ги гледаат со цел, а не случајно. Дополнително, оваа промена може да ги збуни корисниците кои се навикнати едноставно да лизгаат надолу за да излезат од режимот на цел екран. Со новата функција, наместо да излезат од видеото, корисниците ќе се префрлат на друга случајна содржина што немале намера да ја гледаат.

Но, токму затоа оваа функција е во тест-фаза, па корисниците сепак се обидуваат да го одвратат „Јутјуб“ од намерата.

Извор:bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија