X
 08.11.2021 Живот

Твитер-корисниците гласаа Илон Маск да ги продаде акциите на „Тесла“

Сѐ започна со анкета на „Твитер“, а сега милијардерот Илон Маск ќе треба да си ги плати даноците.

Во саботата, на 6 ноември, Илон Маск одлучи да постави прашање до корисниците на „Твитер“. Дали Маск, кој е коосновач и извршен директор на компанијата „Тесла“, треба да продаде 10 отсто од акциите на „Тесла“?

Ова не беше само уште една бесмислена 24-часовна анкета на „Твитер“ за мерење на јавното мислење. Маск однапред кажа дека ќе има последици од оваа анкета. Милијардерот вети дека ќе се придружува до резултатите од оваа анкета.

Сега, откако поминаа 24 часа, Маск го има одговорот: 57,9 отсто од над 3,5 милиони твитер-корисници гласаа „за“.

Причината за анкетата, според Маск, била одговор на политиката што се ширела наоколу за да се оданочат нереализираните добивки. Секретарот за финансии Џенет Јелен неодамна зборуваше за тоа и беше предложен данок на приходот на милијардерите од сенаторот Рон Вајден.

Маск јавно се спротивстави на плановите за оданочување на нереализираните добивки. Предлогот во основа ќе ги оданочува богатите луѓе на зголемената вредност на нивните акции, дури и ако тие не ги продадат средствата.

Оданочувањето на нереализираните добивки во суштина би ја затворило дупката што милијардерите ја користат за да избегнат плаќање даноци на доход. Наместо да ги продаваат своите акции и да плаќаат даноци, тие го акумулираат своето богатство со задолжување во однос на нивните средства.

Маск го потврдува ова во еден од твитовите поврзани со неговата анкета.

- Јас немам плата во кеш или бонус од никаде. Имам само акции, така што единствениот начин за јас лично да плаќам даноци е да продавам акции - напиша Маск на „Твитер“.

Но, според сенаторот Вајден, кој го предложи данокот на доход на милијардери, ова не е начин за Маск да плаќа данок.

- Дали најбогатиот човек на светот плаќа даноци или не плаќа, не треба да зависи од резултатите од анкетата на „Твитер“. Време е за данокот на доход на милијардери - напиша сенаторот на „Твитер“.


Според „Блумберг“, Илон Маск поседува околу 17 отсто од акциите на „Тесла“, компанија која моментално вреди 208 милијарди долари. Со продажба на 10 отсто од своите акции, теоретски би можел да добие помалку од 21 милијарда долари.

Со своите акции во другите негови компании, особено „Спејс екс“, Илон Маск теоретски е најбогатиот човек во светот со 338 милијарди долари.

Дали Маск ќе ги продаде акциите и ќе плати данок, останува да видиме.

Извор: Mashable.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот