„Твитер“ подготвува опција која на корисниците ќе им овозможи подобро модерирање на расправите под содржината што ја споделиле на платформата, што вклучува и криење на твитовите на други корисници.
Мишел Јасмин Хак, сениор менаџерка за производи во „Твитер“, откри дека платформата открива нова опција која ќе го забрза текот на расправите и ќе придонесе за создавање поквалитетна расправа на профилите на корисниците.
Имено, корисниците што споделиле некоја содржина ќе можат да сокријат твитови напишани како одговор на содржината. Тоа ќе можат да го направат преку опцијата „Hide Tweet“, која корисниците ќе можат да ја користат покрај постојните опции, како блокирање, замолчување и пријавување.
Веднаш по најавата на новата опција одредени корисници на оваа социјална мрежа го изразија своето незадоволство, истакнувајќи дека тоа би можело да послужи како средство за цензура. Меѓутоа, корисниците и понатаму ќе можат да ги гледаат скриените твитови и тоа преку посебно мени.
Јавното тестирање на опцијата ќе почне во наредните
месеци.