Истражувач од Англија работи на практичен начин на донесување интернет пристап во изолираните региони ширум светот. Една од неговите стратегии вклучува овци.
Професорот Гордон Блер од Универзитетот во Ланкастер, Англија штотуку доби грант од 267.000 долари од Советот за истражувања во инженерските и физички науки за да ги спроведе своите идеи во Велс.
Помеѓу другото, Блер планира да стави сензори на ремените на овците, но и покрај реките. Освен тоа, тој планира користење сензори за набљудување на дождот.
Целта на истражувањето на Блер е решавање на агрикултурните проблеми и проблемите со поплавувањето, пишува „Дејли мејл“, но покрај тоа, со имплементација на овие сензори ќе може да се подобри и пристапот до интернет во регионот.
„Паметните“ ремени за овци на Блер, на пример, би биле употребени за следење на движењето на овците за полесна грижа на животните. Истите ремени би можеле да имаат сензори за безжичен интернет.
Блер не е првиот кој се сетил со ваква идеја, но и концептот за ставање сензори на животните не е единствениот начин за донесување на интернетот во оддалечените региони.
Се проценува дека 4,4 милијарди луѓе во светот не користат интернет, а повеќе од половина од нив живеат во рурални средини.